(ВИДЕО) Николова: ДПМНЕ одбива амандмани и не сака да зборува за министерката и долгот од милион евра кон МЕПСО

Од:

Реториката на ДПМНЕ е одамна позната, а тоа е да праќаат порака дека секогаш некој друг е виновен, како алиби кое го користат за да си ја оправдаат несигурноста и некадарност којашто ја имаат. Наместо да зборуваат за проблемите, прават дефокус на работите. Па тие од вчера имаат актуелен проблем со нивната коалиција, која почна постапка за формирање на Албанска академија на науките и уметностите и која ќе ја финансираат од буџетот на општините, ама ДПМНЕ, не сака да зборува за тоа, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната расправа на комисијата за носење на буџет

– ДПМНЕ исто така не сака да зборува за тоа што имаат министерка која во џебот има неколку пасоши, а истата таа има сомнителни долгови кон МЕПСО, долг повеќе од еден милион евра. Не сакаат да зборуваат ни дека во Штип граѓаните повеќе од 6 дена немаат вода, и тоа е поради некадарниот градоначалник кој таму го имаат. Не сакаат да зборуваат и за тоа дека се на пат да ги укинат работничките права“, рече Николова.

Николова се осврна и на проблемот со пожарите каде повторно ДПМНЕ прави дефокус.

– Конкретно, за пожарите, па да потсетиме дека до 2022 година, МВР воопшто не беше опремен и не поседуваше каков било хеликоптер со којшто би можел да помогне во гаснењето на пожарите. Ама од 2022 година веќе има 3 хеликоптери со најнов систем којшто помага во гаснење на пожари. Е сега кој колку се грижел може да се види, затоа што претходно, МВР го користеше ВМРО-ДПМНЕ само како партиски штаб, рече Николова.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он