(ВИДЕО) Николов: Неодговорно и расипничко трошење на парите, наместо инвестиции – нови долгови за граѓаните

Од:

Денес во Собранието на Р. Македонија започна расправата за ребалансот на буџетот на Република Македонија за 2016 година.

Сакам уште еднаш силно да го изразиме нашето нездоволство и противење од ваквото недомаќинско, неодговорно и коцкарско управување со јавните финансии на Р.Македонија, односно со парите на граѓаните и стопанството.

За нас е неприфатливо и неразбирливо со ребалансот да се зголемува дефицитот за нови 36 милиони евра и истиот за2016 година да изнесува неверојатни 344 милиони евра што е втор најголем дефицитна буџетот во изминатите 25 години, аво исто време да кратат на развојната компонента на буџетот односно капиталните расходи и истите да ги намалат за 45 милиони евра.

Сакаме јавно да прашаме за што го зголемувате буџетскиот дефицит?

Ако не е за капитални расходи, за развој, за отварање на работни места дали овие нови дополнителни 36 милиони евра ви се потребни за мебел, сопствена комоција, дневници, барокни фасади, фонтани, панорамски тркала, предизборно купување на гласови?

Едноставно, кога не умеете да ги реализирате капиталните расходи зошто им наметнувате нови долгови и ја трошите иднината на идните генерации?

Дека оваа Влада не умее да управува и да реализира капитални проекти деновиве пристигна потврда и од Европската комисија која и го одзеде правото на Владата да управува со средствата од ИПА фондовите со образложение дека нема политички капацитет правилно да ги искористи средтсвата под ИПА фондовите.

Одзмените првично 27 милиони евра, а потоа и новите 69 милиони евра од ИПА фондовите ќе значат намалување на можностите за работа на македонските компании, отварање на нови работни места и најважната работа доколку Владата ќе сака да ги реализира овие проекти за кој што беа наменети средтсвата од ИПА фондовите ќе мора да зема нови кредити и со тоа понатаму да го зголемува јавниот долг.

Ако направиме збир на нереализираните капитални расходи од 58 милиони евра за 2015 година утврдедни во завршната сметка за 2015 година, скратените 45 милиони евра со ребалансот на буџетот во 2016 година, укинатите 69 милиони евра за изградба на железницата од коридорот 8 од ИПА фондовите, доаѓаме до сума од 172 милиони евра наменети исклучиво за капитални
проекти кој Владата не успеала да ги реализира или за жал успеала да ги загуби.

Со ваквото трошење на народните пари и водењето сметка да има повеќе пари за чоколадо на владата, а не за развој, економскиот раст на Р.Македонија за жал ќе бележи намалување, младите луѓе масовно ќе се иселуваат од Р.Македонија и она што е најжално Македонија ќе назадува и стагнира, рече на прес конференција, пратеникот Марјанчо Николов.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Очекувам завршување на најмалку три инфраструктурни проекти

Предраг Петровиќ

Бизнисот сам си ја полни „новогодишната кошница“: Граѓаните ќе останат без акциските намалувања до 40% поради мерката на Владата

Предраг Петровиќ

СДСМ ги повикува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Законот за изменување на минимална плата

Путин: Само четвртина од западните компании се повлекоа од рускиот пазар

Ангеловска-Бежоска за „НИН“: Носење проактивни економски политики за поголема отпорност на идните предизвици

КС Групацијата ја продолжува својата мисија за поддршка на образованието

Предраг Петровиќ