Путин: Само четвртина од западните компании се повлекоа од рускиот пазар

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во својот говор на форумот „Русија повикува“ во Москва објави дека и покрај политичкиот притисок, само четвртина од западните компании се повлекле од рускиот пазар.

Некои од овие западни компании продолжуваат да работат во истиот режим, приближно половина, додека некои го префрлија управувањето на поединци и компании што им се подредени, додека приближно една четвртина всушност го напуштија рускиот пазар, истакна Владимир Путин.

Според неговите зборови, Русија не избркала или потиснала никого од сопствениот пазар, пренесува ТАСС.

Компаниите од другите земји брзо почнаа да го заземаат местото на западните компании, а дополнително увозот се заменува со руска стока, додаде рускиот претседател.

Путин изјави дека властите во Москва нема да поставуваат дополнителни услови за враќање на западните компании, но нагласи дека нема да им биде лесно повторно да работат на рускиот пазар бидејќи нивното место веќе го зазеле брендовите од Русија, пренесува Комерсант.

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски