(ВИДЕО) Николиќ: Државата треба да ги олесни административните процедури, за оние што решаваат да почнат сопствен бизнис

Од:

Државата треба да биде присутна, но не да става насоки, туку да ги олесни административните процедури, за нашите нови национални херои, а тоа се луѓето што започнуваат сопствен бизнис, ним треба да им се помогне со олеснување на административните процедури а тоа може да се направи преку дигитализацијата.

Ова на трибината во организација на СДСМ Агенда Иноватива 2020-24 го истакна Нина Николиќ од Стартап Македонија и се заблагодари на поканата да се дадат мислења од бизнис заедницата, во време кога се креираат политики.

Таа истакна дека иако земјата се соочува со одлив на мозоци, од друга страна огромен е бројот на лица од странство кои доаѓаат кај нас да отворат стартап поради поволностите тука.

Нивен најголем предизвик е решавање на административните работи, и тука треба да им се помогне, истакна на трибината во организација на СДСМ Агенда Иноватива 2020-24 Нина Николиќ од Стартап Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

СДСМ: Делницата Тетово – Гостивар ја разоткри целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, велат од опозициската партија

А1он