(ВИДЕО) Нелоски: Фирма донатор на СДСМ доби тендер за набавка на возила за државните институции

Од:

Додека Зоран Заев ги распродава највисоките национални и државни интереси, фирмите блиски до криминалниот картел на власт добиваат милиони евра на нивните сметки, рече Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека скандалот со Фондот за иновации и поделбата на 10,5 милиони евра на фирмите на функционери на власта и скандалот во министерството за здравство не се единствени.

– 45-те милиони евра не се единствените кои се одлеваат од џебот на граѓаните на сметките на фирми блиски на СДСМ. Нов тендер за набавка на возила за потребите на државните институции доби фирма донатор на СДСМ. Имено, се работи за кумановската фирма Делукс – Ауто која го доби тендерот и од Централниот регистер на Македонија во вредност од на 8.3 милиони денари за набавка 11 моторни возила. Лани без тендер, во четири очи Делукс Ауто Куманово направи зделка тешка еден милион евра со Министерството за внатрешни работи и Оливер Спасовски за набавка на 45 шкоди. Соседите на Оливер Спасовски може немале да понудат некоја иновација, но за тоа повторно успеа да добијат тендер тежок над 8.3 милиони денари. Иако ова компанија не увозник, тука е само дистрибутер на возила, кога се работи за добивање на тендер од државните институции е иновативна во понудите и фаворит на јавните набавки, рече Нелоски.

Спроед него, за само 7 месеци годинава, фирмата Делукс Ауто од Куманово имала добиено повеќе тендери за јавни набавки во вредност од над 24 милиони денари или околу 400 илјади евра.

– Делукс Ауто досега има добиено тендери од неколку државни и локални институции, како Македонски енергетски ресурси (МЕР), Министерство за одбрана, Oпштина Куманово, ЈП Студенчица- Кичево, Центар за јавно здравје Куманово и други. Откако криминалниот картел е на власт, донатор фирмата Делукс Ауто, за нешто повеќе од една година има добиено тендери во висина од над 1.5 милиони евра. Дали преку овие јавни набавки и добивање на државни пари, СДСМ и Зоран Заев се одолжуваат на фирмите и лицата кои им донирале во нивната партиска каса? Дали граѓаните се должни своите пари да ги плаќаат за богатење на криминалниот картел и нивните блиски соработници? Само за возила, само на една фирма која е донатор на СДСМ, од државата и се исплатени преку 1,5 милион евра, а Заев се колнеше пред избори дека немало да купува мебел и возила. Што ли ќе се случеше ако човекот не се колнеше? Но, толку му тежи зборот. Се што кажа, излажа. Одговорност за овие скандали на СДСМ, Зоран Заев и неговите соработници мора да има. Одговорност за овој грабеж кој го прави оваа криминална власт мора да има. Правдата во Македонија ќе се врати и државата не смее повеќе да биде заложник на СДСМ и Зоран Заев. Македонија мора и ќе победи, рече Нелоски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад