(ВИДЕО) Митева: Со законот за регулација на криптовалути ќе придонесеме кон граѓаните и кон економијата

Од:

„Дигиталните технологии, денес, динамично и силно проникнуваат во сите сфери на општественото живеење предизвикувајќи длабоки промени на традиционалните развојни парадигми.

Оваа технологија може целосно да го преобликува начинот на работење во финансискиот сектор, преку промената на начинот на чувањето и трансферирањето на средствата, извршувањето на договорите и управувањето со ризиците“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Технологијата блокчејн е во пораст и како што сме сведоци, почнува да се спроведува се повеќе и повеќе.

Извештајот на светскиот економски форум од септември 2015 година предвиде дека до 2025 година десет проценти од глобалниот БДП ќе бидат зачувани на блокчејн технологија. Со оваа револуционерна технологија можеме да замислиме свет во кој секој процес, секоја задача, секој договор, секоја исплата ќе имаат дигитален запис и потпис кој ќе биде идентификуван, потврден, зачуван и споделен. Многу компании почнуваат да ја имплементираат блокчејн технологијата. И постои голема можност дека блокчеинот ќе влијае на речиси секој еден бизнис.

Согласно податоците со кои располагаме со криптовалути во Република Македонија тргуваат околу 100.000 граѓани. Водејќи се од концептот Македонија за сите луѓе како ВМРО-ДПМНЕ со предлог законот кој ќе го поднесеме во Собранието и со формално правното регулирање на трговијата со криптовалути ќе придонесеме директно за секој еден кој досега се занимава со ова, но и кон економијата и бизнис секторот кој има тенденција да ја имплементираа оваа технологија во иднина.

Придобивките се од големо значење, ќе се овозможи отстранување на посредниците при реализацијата на трансакциите и компресирање на времето за нивното потврдување и порамнување.

Практично, ќе се олесни комуникацијата на правните лица и ќе се олесни платниот промет. Со овој вид на технологија се намалува евиденцијата, дигитализацијата во оваа форма ги минимизира стапките на грешки и ги олеснува плаќањата, а тоа само по себе значи помал ризик за финансискиот систем и пониски трансакциски трошоци.

ВМРО-ДПМНЕ, почитувани граѓани е подготвено да одговори на светските процеси, време е да зборуваме за реални проекти кои ќе бидат од витално значење.

Проблемите поврзани со регулацијата, ефикасноста и безбедноста, отсекогаш предизвикувале широки дебати во однос на имплементацијата на секоја финансиска иновација.

Регулаторните предизвици се повеќекратни и се поврзани и со промената во начинот на размислувањето, но и со потребата од стекнување нови вештини поврзани со технологијата“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кирков: Членови на Управен одбор на ЈП Лајка истовремено даваат и наплаќаат услуги од претпријатието преку други субјекти, ДКСК да реагира

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Ја осудуваме злоупотребата на деца во политичка кампања од страна на Шилегов и СДСМ

Ана Ололовска

Мицкоски: Ќе доставиме ново барање за анкетна, со „Северна“, вистината за пожарот во Тетово мора да се дознае

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арсовски: Ако не е местен тендерот тогаш зошто истата фирма која ја направила реконструкцијата потоа и го добила, и тоа по ставки неколку пати поскапи од до сега

Ана Ололовска

СДСМ: Исплашена од извесниот пораз во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ тера една иста лага со денови

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Скопјани плаќаат поскапа вода за Шилегов и Весковски да можат да си местат на тендери

Ана Ололовска