(ВИДЕО) Мицкоски: Владата го задолжи секое семејство во просек за дополнителни 1.000 евра во 2018 година

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање изјави дека катастрофалната политика на владата на полето на економијата го зема својот данок.

– Во првите два месеца од 2018 година владата успеа да ја задолжи Република Македонија за дополнителни 545 милиони евра. Или во просек успеа да го задолжи секое семејство во Република Македонија за дополнителни 1.000 евра. Она што повеќе загрижува е фактот дека овие пари со кои што ја задолжи Република Македонија, не се вложени во развојни проекти, како би гарантирале поврат на истото задолжување на среден и на долг рок. Вториот параметар што сакаме да го коментираме е растот на БДП. Во првите три квартала од 2017 година растот на БДП во Република Македонија е на ниво минус 0,4 проценти, рече Мицкоски.

Тој додаде дека доколку се анализираат макроекономските параметри во четвртиот квартал до 2017 година, тогаш може да се заклучи дека 2017 година македонската економија ќе има раст на БДП на ниво помеѓу 0 и 0,2 проценти на годишно ниво.

– Доколку се анализира растот на БДП на светската економија тогаш можеме да дојдеме до следниот заклучок, додека светската економија бележи рекордни резултати и раст, ние мора да се задоволуваме со под просечни резултати, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања