(ВИДЕО) Мицкоски: Падот на просечната плата се должи на неспособноста на владата

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото денешно видео-обраќање рече дека владата предводена од Зоран Заев продолжува да лаже.

– После еуфоричното најавување на зголемувањето на просечната исплатена нето плата во првиот месец од 2018-тата година, демантот стигна веќе во следниот месец а тоа е вториот месец од 2018-тата година, каде што просечно исплатената нето плата доживува екстремен пад. Екстремен пад кој се должи на неспособноста на владата и неуспехот на владините економски политики. Нема поголем доказ за економското цунами на владата од падот на просечната нето исплатената плата. И официјално просечната плата од 500 евра е лажно и недостижно ветување на премиерот Заев и владата, рече Мицкоски.

Тој додаде дека розевата слика за која говори премиерот Заев и економските министри е лажна.

– Доказ за тоа е дијаграмскиот приказ на нето исплатена просечна плата во Република Македонија во првиот и вториот месец. Оваа компаративна анализа кажува дека просечно нето исплатената плата во вториот месец е за 867 денари помала од таа што била исплатена во првиот месец, или е намалена за цели 3,6 проценти. Вртоглав пад се забележува и во неколку други клучни сектори а тоа можеме да го забележиме веќе на следниот слајд каде што се компарирани два клучни сектори и тоа секторот рударство и секторот уметност, забава и рекреација. Во секторот рударство просечната нето исплатена плата во вториот споредена со првиот месец е помала за 9,9 проценти, а во секторот уметност, забава и рекреација просечната нето исплатена плата во вториот споредена со првиот месец е за цели 26,4 проценти помала, рече Мицкоски.

Тој анализираше и други три клучни сектори.

– Просечната нето исплатена просечна плата во вториот месец во секторот земјоделие е за цели 6,11 проценти помала споредено со таа во првиот месец. Истото се случува и во секторот снабдување со електрична енергија, имаме намалување на просечно исплатената нето плата за цели 6,3 проценти споредено втори со први месец 2018-тата година. Истото се случува и во секторот транспорт каде што имаме помала исплатена нето плата во вториот споредена со првиот месец во 2018-тата година за цели 11,7 проценти. Ова директно ќе влијае на падот на стандардот на вас. Тоа значи дека се намалува вашата куповна моќ и дека вие осиромашувате. Животот станува се потежок, а владата нема план. Ова мора да престане. И покрај катастрофалната ситуација на економијата и покрај катастрофална цунами економска политика, граѓаните на Република Македонија е треба да губат надеж. Доаѓа ново утро, доаѓа нов дух, нова енергија, доаѓа нова надеж за Република Македонија, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања