(ВИДЕО) Мицкоски: Државата влегува во ризична зона – ќе се бори за редовна исплата на плати и пензии

Од:

По катастрофалниот економски раст од само 0.1 тосто на македонската економија во првиот квартал годинава, со што државава оствари убедливо најслаб резултат во Европа и Светска банка направи официјална корекција на проекциите за економскиот раст со што ги намали истите со кој што ќе расте македонската економија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното негово видео-обраќање.

– Светска Банка во својот извештај Global Economic Prospects за Јуни 2018 ја ревидираше оценката и прогнозира дека македонската економија оваа година ќе расте за 0,9% помалку од претходната оценка, односно од 3,2 колку изнесуваше во јануари 2018 година, на 2,3 % колку што изнесува проекцијата во јуни 2018 година. Ќе потсетам дека растот од 2,3 % е далеку понизок од 5 % раст годишен колку што ветуваше Зоран Заев за време на кампањата на предвремените парламентарни избори во 2016 година. Светска банка за 1 % ги намали проекциите за раст и за наредните две години. Фијаското во растот на македонската економијата е реалноста во која што живеат граѓаните. Со ваквите прогнози Македонија останува закована на дното во Европа, додека сите други економии без исклучок одат напред, рече Мицкоски.

Тој додаде дека државата влегува во ризична зона каде ќе се бори за редовна исплата на плати и пензии.

– Лошите економски резултати значи дека граѓаните осиромашуваат, и добиваат неизвесна иднина. За ова потребно е да се понесе одговорност од цунами тројката Заев, Анѓушев, Тевдовски. Докажуваат дека не умеат, не знаат и немаат план и затоа мораат да си одат. Ова е уште една изгубена година за македонските граѓани. Ова е огромен пораз за економските политики на Владата предводена од Зоран Заев. Претпоставувам и дека после оваа обраќање, од партискиот центар за шарени лаги на СДСМ ќе излезат со неоправдани обвинување насочени кон минатото, но граѓаните најдобро ја препознаваат реалноста и единствено ги интересира иднината за што ние нудиме решенија. Македонија мора и може подобро. На граѓаните им треба напредок и успеси и ние тоа ќе го направиме и Македонија ќе победи, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ