(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

Од:

„Нема пари, задолжувањето оди во опасна насока. Власта трупа нови долгови врз грбот на народот. Во Собранието Владата поднела предлог закон за ново задолжување од 20 милиони евра, за изградба на фискултурни сали ама без информација за износот на каматната стапка. Нема пари за плати, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за нови мерки за поддршка на стандардот на граѓаните. Има само за криминални тендери кои вртат секој ден, и тоа со милионски суми за едни исти фирми блиски до власта“ рече на прес-конференција во Собранието пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска.

Таа вели „недостасуваат 1 милијарди евра. Огромната дупка очигледно власта ќе ја пополнува со нови и нови долгови кои треба да ги плаќаат идните генерации. Веќе Владата се задолжи една милијарда од Унгарија, 660 милиони на домашниот пазар, само во декември 2025 година владата со државни обврзници се задолжи за 100 милиони евра. Се најавува и кредит од дури 6 милијарди евра“.

„Светската банка веќе проектира дека јавниот долг оваа година ќе достигне 62,9% од БДП – што не прави нај задолжена земја на Западен Балкан. Оваа Влада ги турка граѓаните во должничко ропство. Ова мора да престане. Пратениците на СДСМ ќе се спротивстават на ова и на секое идно задолжување. Власта да го повлече ова задолжување, да ги намали трошоците, да ги снема криминалните тендери и да го намали задолжувањето за да има пари за граѓаните“ порача Лукаревска.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема