„Зоран Заев и Нина Ангеловска вчера наместо првичните планираните 9.2 милиони евра, ја задолжија државата за 24 милиони евра.
На што и како ќе бидат потрошени 15те милиони евра повеќе од првично планираните никој не знае, како што не знае ни каде се потрошени над половина милијарда евра, пари за кои е зголемен јавниот долг откако Зоран Заев е на власт.
И додека државата засилено се задолжува, а Заев и Нина велат дека блескаме, Стево Пендаровски сака да се исели од државата“, рече Лилјана Кузмановска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.
„Сакаат да се иселат и илјадници млади, кои заради лошите политики бегаат од државата.
Македонија е земја во која младинската невработеност е над 50% и со тоа највисока во Европа.
Власта да ги насочеше барем половина од парите за кои ја задолжи државата во изминативе години за младите, сликата за Македонија ќе беше поинаква.
На расипништвото му доаѓа крајот. На 12 април граѓаните ќе им кажат не на погрешните и недомаќински политики кои ги избркаа нашите деца од родните огништа.
По 12 април почнува обновата на Македонија“, изјави Лилјана Кузмановска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.