(ВИДЕО) Кузмановска: Владата на СДС ќе го зголеми јавниот долг над 6 милијарди евра

Од:

„Новиот буџет кој го предлага владата државата ја носи во економски пропаст.

Државата во 2018 година ќе се задолжи за скоро над милијарди евра, со што нето јавниот долг ќе се зголеми за над 485 милиони евра, без притоа да реализира некоја поголема капитална инвестиција.

Неоснованото задолжување во 2018 година ќе допринесе државниот долг за првпат во независна Македонија да надмине 50%. Македонија ќе стане држава со долг над 50 отсто. Со што јавниот долг ќе достигне неверојатни 6 милијарди евра. Повторувам 6 милијарди евра.

Но неспособната влада не запира тука, од фискалната стратегија на владата за наредните две години гледаме дека до 2020 година нивото на долгот треба да достигне 53.5%.

Од што ќе се финансира овој огромен долг кога не се реализира ниту една капитална инвестиција? Платите паѓаат, економскиот раст е забавен, а инфлацијата кај цените на мало до година ќе расте за 4.3%.

Владата се однесува неодговорно. Владата ја води државата кон грчко сценарио, ниво на кое државата повеќе нема да може сама да си го сервисира долгот.

Огромниот државен долг без ниту една капитална инвестиција и инвестиција со поврат на капитал на долг рок ќе значи банкрот за државата.

СДС не влече кон економското дно, огромно задолжување, а инвестиции нула. Нема покачување на социјалната помош, нема зголемување на пензиите, ги нема 500 километри нов автопат, нема ништо од она што беше најавено, имаме намалување на средствата за земјоделски субвенции за цели 24 милиони евра и кратења на продуктивни расходи. Ова е само доказ дека владата нема план за развој на државата, туку неплански работи за задоволување на бизнис апетитите на милионерите во власта, занемарувајќи ги граѓаните“, изјави Лилјана Кузмановска.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски