(ВИДЕО) Ковачески: Обезбедени 32 милиони евра, РЕК Битола наскоро со нови филтри и вентилатори

Од:

На вечерашната трибина организирана од СДСМ, посветена на енергетиката, директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски информираше дека готова е постапката за новите филтри во РЕК Битола.

Ковачевски рече дека како што претходно ветиле, изминатиот период посветено се работело на овој проблем и за прв па после 40 години од монтирањето филтри, РЕК Битола ќе има нови.

“Обезбедени се 32 милиони евра. Ќе се направи темелна реконструкција на трите филтрите и замена на вентилаторите.

Тоа значи дека за прв пат по инсталирањето на филтрите во 80те години, во 2020 година оваа година наесен ќе се врши целосна реконструкција на електростатскиот филтер на овој блок, 2021 и 2022 на другите два блока и од 2023 до 2025 ќе ја завршиме и втората фаза десулфуризацијата”, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Горан Наумовски

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, Обвинителството бара „замрзнување“ на имот за инволвираните

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски