(ВИДЕО) Китев: Обесштетувањето на лозарите е пример за вистинска грижа за земјоделците

Од:

„Пратениците вчера ги усвоија измените на Законот за земјоделство и рурален развој. Се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски на винарниците кон лозарите.

Со законските измени се создава можност Владата да донесе одлука за дополнителна помош за одреден земјоделски производ, откупен најмногу пред пет години од денот на донесувањето на одлуката, а неплатен од страна на регистриран откупувач.

Дополнителната помош ќе се исплаќа преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како мерка предвидена во годишната програма за финансиска поддршка во земјоделството“, рече Бетиане Китев, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Со овие измени лозарите кои во периодот 2014-2016 година го предале грозјето во винарници кои биле регистрирани во регистарот на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, а не добиле пари за предаденото грозје, ќе бидат обесштетени и ќе го наплатат својот труд.

Со ова, се исправа неправдата кон овие граѓани, над 1,5 милиони евра ќе завршат кон лозарите во Тиквешкиот регион. Потоа, овие средства државата ќе ги побарува директно од винарниците кои ги направиле долговите кон лозаропроизводителите.

Обесштетувањето на лозарите е пример за вистинска грижа кон земјоделците, кон граѓаните кои работат напорно и чесно заработуваат.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува да ги решава наследените проблеми. Продолжуваме да носиме мерки што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, изјави Бетиане Китев, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата