(ВИДЕО) Каевски: За 10 и 15 отсто ги намалуваме цените на тестенините и на млечните продукти

Од:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски е посветена на заштита на стандардот на граѓаните и постојана поддршка во време на светска економска и енергетска криза. Откако пред десетина дена беше донесена одлука за укинување на повластената цена на електрична енергија за производителите во прехранбената и замрзнување на цената на белиот и полубел леб, Владата предводена од СДСМ вчера донесе и одлука за корекција на цените на бројни продукти“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Со Одлука на Владата, од 13 март, понеделник, се замрзнува, односно се намалува цената на тестенините, за 15 отсто во однос на цената која се применувала во трговијата на мало на први март оваа година.

Тоа значи намалување на цената на шпагетите и макароните за околу осум до девет денари. Покрај тоа, се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти за период од 13 март 2023 година до 31 мај 2023 година.

Се корегираат и цените на млекото и млечните производи, односно на трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, урдата, кравјoто бело сирење и мешано бело сирење, кравјиот кашкавал, киселото млеко, павлаката и јогуртот кој е без додатоци.

Цените на овие продукти се намалуваат за десет отсто во однос на цените кои се применувале на први март 2023 година, во трговијата на мало.

Оваа одлука ќе се применува од 17 март 2023 година до 31 мај оваа година. Во период на справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза, не дозволуваме никој да биде оставен сам, ниту пак некој да профитира врз грбот на граѓаните. Продолжуваме да се грижиме за стандардот на сите граѓани“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение