(ВИДЕО) Каевски: СДСМ ги штити граѓаните и стопанството со 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра

Од:

„Во време на најголема глобална енергетска и економска криза СДСМ ги помага граѓаните и компаниите, ги ублажуваме последиците. Македонското Собрание ги усвои потребните законски измени за акцизите и за ДДВ. Исполнети се правните услови, следува целосна реализација на сите антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Со сет од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра го штитиме стандардот на граѓаните и економијата, го ублажуваме ударот од најголемата економска и енергетска криза.

Со мерките го укинуваме ДДВ за основните производи храна, 0%. Лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот се опфатени со оваа мерка.

Дополнително ги укинуваме и царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи. Маржите за основните производи храна ги замрзнуваме за да нема наднормален профит врз грбот на граѓаните.

Со овие мерки го ублажуваме ценовниот шок врз клучните производи храна. Ја намалуваме акцизата за горивата и го намалуваме ДДВ за енергенсите од 18 на 10%.

Го укинуваме ДДВ при увоз на гас, електрична и топлинска енергија. Овие мерки директно влијаат на намалување на енергенсите и на горивата

Силно ги субвенционираме граѓаните за електрична енергија која би била 80% поскапа доколку нема субвенции од Владата. Финансиски ранливите граѓани ги поддржуваме за струја и купување основни производи за што обезбедивме ваучери од 3.000 денари.

Има антикризни мерки заштита на ликвидноста на компаниите и финансиска поддршка на стопанството.

Покрај овие мерки, ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, воведовме финансиска помош од 3.000 денари за пензионерите и историски најмногу ги зголемивме пензиите.

Тоа директно влијае на подобрување на финансиската состојба на 320 илјади пензионери и над 80.000 работници.

Во услови на најголема криза парите ги насочуваме онаму каде што се најпотребни, кон заштита на стандардот на граѓаните и економијата.

Буџетот е ликвиден, девизните резерви се зголемени, денарот е стабилен. Затоа е многу важно институциите но и општините да ги реорганизираат и намалат трошоците.

СДСМ е на страна на граѓаните и стопанството. Кризата е огромна и предизвиците пред сите нас, но со овие издржани мерки, со вистински социјалдемократски политики, заедно ќе ја пребродиме“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Катерина Ѓуровски