(ВИДЕО) Каевски: Развоен граѓански Буџет за економски раст и повеќе пари за капитални инвестиции

Од:

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои Буџетот за 2022 година. Граѓанскиот буџет има силна развојна компоненета за создавање амбиент за севкупен развој на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Обезбедуваме непречена грижа за заштина на здравјето на населението, економски раст, зголемување на инвестициите, поддршка на реформите во правосудството и евроатлатските интеграции. Секако, еден од аспектите на Буџетот е обезбедување средства за соочување со предизвиците од глобалната енергетска криза и заштита на граѓаните и фирмите“, рече Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„Продолжуваме со намалување на тековните расходи, кратење на неприоритетни и несуштински трошоци, а највисоко учество во буџетските расходи имаат капиталните инвестиции.

Капиталните инвестиции изнесуваат 37,8 милјарди денари што е за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година.

Средствата ќе бидат наменети за интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, односно за инвестициските вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот, социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштита на животната средина и правосудството.

Во третото тромесечје Бруто домашниот производ бележи раст од 3 отсто. Сериозен раст има и извозот кој во периодот јануари – октомври е зголемен за 29 отсто во споредба со истиот период од 2020 година.

Сето ова се податоци кои ја покажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Економијата е подготвена да се соочи со сите предизвици како глобалната енергетска криза и пандемијата и да ги заштити граѓаните и компаниите“, изјави Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он