(ВИДЕО) Јовановски: СДС ветуваа државна социјална пензија, а сега со новиот Буџет не предвидуваат пари за тој проект

Од:

„СДС во новиот Буџет за 2018 не предвиде уште еден проект кој секојдневно го ветуваа во предизборието.

СДС на сите граѓани над 65 години кои немаат остварено услови за пензија, а живеат над 20 години во Македонија им ветуваа дека ќе им дадат државна социјална пензија, а сега со новиот Буџет не предвидуваат пари за тој проект.

Со ова Заев ги излажа граѓаните кои се надеваа дека ќе добијат државна пензија, а не го оствариле правото на пензија преку стаж.

Десетици илјади граѓани се измамени од Зоран Заев и СДС преку проектот Државна пензија.

Ветуваа живот за сите, ветуваа живот за сите граѓани, а животот дојде само за најблиските околу Заев.

Наместо државна пензија, граѓаните кои се надеваа на овој проект, добија само една огромна лага.

Ова е само едно од многуте ветувања кое беше дадено уште пред парламентарните избори во 2016 година, а ниту едно ветување или проект не се предвидени во новиот Буџет за 2018.

На СДС поважни им се милионските задолжувања, личните богатења на своите партиски функционери, тендерите и раскрчмувањето на државните интереси.

СДС немаат ниту срам ниту перде, ги лажат граѓаните, ги манипулираат и ги маргинализираат од реалните суштински проблеми кои ги засегаат сите“, изјави Крсте Јовановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки

Ескобар: Од ВМРО-ДПМНЕ добивме уверување дека земјата ќе остане на европскиот пат

Катерина Ѓуровски

Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ најавува нова Влада до средината на јуни

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски