(ВИДЕО) Груевски за CNN: Невработеноста се појави по распадот на СФРЈ

Од:

Премиерот Никола Груевски при посетата на САД даде интервју за економскиот магазин на CNN.

„И тоа не само извозот на нашата земја, туку и сосетските земји извезуваат во Европа. Кога тие имаат проблеми, секако дека тоа влијае и на нас. Но со воведувањето на мерките ние се трудиме да ги намалиме штетите нанесени на нашата земја.

– Затоа минатата година порастот беше 3 отсто, а се надевам дека и годинава ќе бидеме успешни. Но истовремено ова го гледаме и како шанса. Ние сме една од ретките земји коишто не ги покачија даноците. Кризата и рецесијата во Европа ја гледаме како шанса да привлечеме нови компании. Некои од нив доаѓаат кај нас затоа што и во нивната земја ситуацијата е лоша. Ниедна друга земја нема пониски трошоци. Значи, кризата истовремено ни е проблем, но и шанса“,  изјави премиерот Никола Груевски, за CNN.

Во однос на прашањето за невработеноста, премиерот вели дека постојано се прават обиди за нејзино намалување.

„Невработеноста се појави кога се подели Југославија, а ние постојано се обидуваме да ја намалиме. Минатата година имаше намалување на невработеноста, но применуваме дополнителни мерки за да се подобри ситуацијата на тоа поле.

-Но иако тоа за нас е проблем, на некој начин е и предност за инвеститорите затоа што имаат на располагање образовани луѓе кои се подготвени да им се придружат на потенцијалните компании. Според Светската банка, Македонија е една од најдобрите локации за водење бизнис.

– Од 96 место се искачивме на 22. Значи, тоа што нам ни е проблем, за инвеститорите е предност. Токму тоа и сакаме да им го покажеме на инвеститорите“, вели Груевски.

Би можело да ве интересира

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Ковачевски: После една две пијачки со другарите, одам дома да ја дочекам Новата година

Орце Костов