(ВИДЕО) Гошев: Велија ми бараше 220.000 евра, што му ги должел Груевски

Од:

Екс-гувернерот на НБРМ, Петар Гошев, во интервју за онлајн магазинот „INBOX7“, вели дека „Македонска банка“ не смеело да се продаде на контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ – Нини. Тој вели дека Нини, по затворањето на банката во 2007, се здружил со поранешниот сопственик на сега затворената А1 телевизија, Велија Рамковски за да го сменат него од гувернерската позиција.

“Тие двајца се договориле да издејствуваат смена на гувернерот. На Газда Нини му ја затворив и Радо банка, каде беше сопственик на 46%. Газда Велија пак имаше друг мотив. Како министер за финансии во 2003 година, Велија дојде кај мене да му платам 220.000 евра, наводен долг на Министерството за финансии кон него, направен во времето кога Никола Груевски како министер за финансии“, вели Гошев.

Во врска со јавниот долг на државата, Гошев вели дека “парите се трошат ужасно лошо, со многу лаги и со долгови чија сметка за плаќање ќе биде тешка“.

“Ако две години некој лаже дека не должи, и после вели до март месец ќе ви ги измириме побарувањата, како да му верувате на тој дека не должи уште. Во исто време не кажува колку должи“, вели Гошев.

Во интервјуто за „INBOX7“тој зборува и за повеќе детали поврзани со затворањето на „Македонска“ и „Радо банка“, како и за продажбата на „Силекс Банка“, „КИБ“ Куманово.

 

 

 

Би можело да ве интересира

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите

Катерина Ѓуровски

Народна банка: Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година

Величковски: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата