(ВИДЕО) Георгиева: Груевски нека распише тендер и нека не извезе некаде

Од:

Голготата за стечајците продолжува. И по толку години не се откажуваат од своето право, како што велат, да бидат луѓе и граѓани на оваа држава. По 158 пат, испратија барање до Владата за дијалог, за да се реши нивниот статус и да бидат обештетени.

-Четири пати беше законот во Собрание, сега петти пат се подготвува и затоа сме тука да предупредиме. До владата по 158 пат е испратено барање за социјален дијалог. Ги замоливме да седнеме и да најдеме некое решение, ако не, подготвуваме шатори и ќе бидеме приморани да останеме пред Владата, Љиљана Георгиева, лидерка на стечајците.

stecajci

Стечајците се уверени дека според членот 132. од Уставот, оваа категорија има право да се обештети.

-Последен пат седнавме со владата во 2010 години, кога бевме потценети од премиерот кој ни кажа дека не смее народните пари да ги троши на нас. Тогаш го прашав што сме ние, ако не мисли да не не плаќа, тогаш нека распише тендер и нека не извезе некаде, рече Георгиева.

Стечајците веќе неколку години бараат државата да ги примени правилата-50 години старост за жена и 53 години за маж, со 15 години минимум стаж со што ќе се реши нивниот статус.

На почетокот беа 10 илјади стечајци со нерешен статус, но сега е намален нивниот браој. Предупредуваат дека морталитетот е зголемен од 34 проценти на 47 проценти. Освен тоа, многугодишното преживување влијаело и на психата кај многу од нив- појавено е физичко насилство во семејствата на стечајците.

-Ние беме 10 илјади ако земем еден мал број што отидоа во пензија, сега сме шест илјади и нешто, а со новодојдени фирми над седум илјади, вели Георгиева.

-Дојдовме да сфатат дека и ние сме граѓани. Што ќе му е држава на нашиот премиер без народ, бидејќи овој народ трпи секој ден. Ние сме стечајци не по наша вина, по вина на државата, има методи и начини како да се спроведе тоа, рече стечаец.

П.П.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шахпаска: Законот за стечајците е усвоен, обезбеден е надомест од 9.242 денари, стечајците кои ги исполнуваат условите да се пријават во АВРСМ

Ана Ололовска

МТСП: Стечајните работници кои ги исполнуваат условите за надомест со новиот Закон да се пријават во АВРСМ

Ана Ололовска

Шахпаска: Ги намалуваме критериумите за поголем број стечајци да добиваат месечен надомест од 9.242 денари

Ана Ололовска

Законските измени за материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници на собраниска комисија

Ана Ололовска

Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање

А1он

Собраниска расправа за нов закон за стечајци, надомест за уште 1.000 лица

Ана Ололовска