(ВИДЕО) Делев: Заев ветуваше пониски трошоци за нафта и зелена нафта за земјоделците, а сега ќе ја зголемува цената

Од:

„Зоран Заев и СДС ги измамија граѓаните, пред да дојдат на власт ветуваа пониски трошоци за нафта за граѓаните, и дополнително зелена нафта за земјоделците, а токму сега ќе ја зголемуваат нејзината цена за скоро 4 денари. Едно прават кога се во опозиција, а чим се доберат до власт сосема друго.

Прво На 27 август 2012та година на прес конференција Социјалдемократскиот сојуз побара од владата на ВМРО-ДПМНЕ да се намали акцизата на горивата. Цитирам “ бараме владата итно да ја преполови акцизата за нафтени деривати со што ќе се поевтинат бензините за 10 до 12 денари.

Денес, ноември 2017та година кога Социјадеморкатскиот сојуз ја има апсолутната власт во државата, најавува дека наместо намалување, граѓаните ќе плаќаат фиксно скоро 4 денари повисока цена на нафта по литар.

Второ На земјоделците лично Заев лажно им ветуваше зелена поефтина нафта. Тој во декември 2016та година објави- ќе воведеме поевтина зелена нафта односно нафта која за половина ќе ги намали трошоците на земјоделците. (затворен цитат). Не само што нема поефтина зелена нафта туку тој ќе им ја зголеми цената на нафта по 4 денари што значи земјоделците ќе останат извисени.

Ова се две лажни ветувања на СДСМ кои еве денес излегуваат на површина.

Зголемувањето на цената на нафтата непосредно ќе се одрази на стандардот на граѓаните, особено на земјоделците. Се работи за масовно зголемување на вредноста на производ кој е неопходен и од која зависи секое домаинство. Препораките на владата дека требало да користат помалку автомобили ако сакале да заштедат само ја потврдува одлепеноста на СДС од реалните потреби на граѓанинот.

СДС ги излажа граѓаните. Покачувањето на цената на нафтените деривати преставува грабеж на владата на Заев на обичните граѓани кои ќе го понесат товарот на неодговорносто и раскалашено владеење.

СДС е само 6 месеци на власт а не реализираа ниту еден проект за општо добро, единствено што направија е зголемување на трошоците на живот.

Доколку СДС сака да обезбеди пари во буџетот потребно е финансирање на развојни проекти и капитални инвестиции кои за жал повеќе ги нема. Неспособноста сега владата на СДС прави дека треба да се плати од џебот на граѓаните“, изјави Христијан Делев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата