(ВИДЕО) Делев: Околу 60 компании кои најавија дека ќе вложат во Македонија во времето на ВМРО-ДПМНЕ сега ги нема

Од:

Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека владата на СДСМ ги брка инвеститорите и дека 60-тина компании кои најавија дека ќе вложат во Македонија во времето на ВМРО-ДПМНЕ сега ги нема.

– Светската компанија за производство на трактори веќе ја одбра Србија, како земја во која што би инвестирале наместо Македонија. Катастрофалните политики во економијата ќе ја доведат Македонија до просјачки стап. Три големи мултинационални компании најавиле дека планираат напуштање на државата, бидејќи се незаводоволни од односот на владата. Две од компаниите се од автомобилската индустрија и доаѓаат надвор од Европа, а третата компанија е од технолошката индустрија и е со европски капитал.Доколку се случи такво нешто ќе следуваат отпуштања на околу 10.000 работници, а тоа е лошо за целокупната македонска економија, рече Делев.

Тој додаде дека игнорантскиот однос на влдата на СДСМ ја довела македонската економија пред колапс, а граѓаните ќе почнат да ги губат работните места за кои владата на ВМРО-ДПМНЕ мака мачела да ги донесе.

– Зоран Заев и врхушката околу него се грижи само за неговите компании и за луѓето блиски до него. Криминалната влада на СДС бесрамно се богати на грбот на граѓаните и им ја скратува можноста за основна егзистенција. Ситуацијата е алармантна. Економијата тоне, Македонија е пред економски колапс, индустриското производство три месеци е во пад, БДП има историски пад од 1,8%, преработувачката индустрија исто е во пад. Се затвораат фабрики. СДС ја урнисува тешко изградената стабилност во економијата. Од најпосакуваната економска и балканска дестинација Македонија остана последна благодарение на црното економско трио Тевдовски, Анѓушев, Заев. Ова мора да запре, вели Делев.

Како што кажа тој, ВМРО-ДПМНЕ привлекло странски инвестиции во висина од над 2,6 милијарди евра и благодарение на тие инвестиции извозот растеше и македонскиот извоз од 1,9 милијарди се зголеми на 4 милијарди.

– Во 2006 година немаше ниту една функционална индустриска зона. ВМРО-ДПМНЕ отпочна проект за развој на вкупно 14 такви зони од кои 8 целосно функционираат, а другите 6 се во изградба. Бенефитот и влијанието врз економијата што го имаат овие инвестиции е повеќе од очигледен.Се намали стапката на невработеност, од високи 38% на 22,9%, се вработија млади луѓе. Се отворија нови микро фирми за потребите на големите фирми. Парзарот на труд се разигра на корист на граѓаните, платите во одредени сектории се кренаа, вели Делев.

Тој рече дека компаниите што требало да дојдат, а одлучиле да не инвестираат во Македонија ќе отвореле нови 25 илјади работни места, но со владата на СДСМ тоа било само еден далечен сон.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски