(ВИДЕО) Данев: Неспособната влада на СДС ја втурна македонската економија во рецесија

Од:

„Неспособната влада на СДС ја втурна македонската економија во рецесија.

Рецесијата значи отпуштања на луѓе од работа, и затворање на компании. Исто така рецесијата значи и пониски плати како што и всушност се случува во Република Македонија.

ДЗС и официјално потврди дека ќе се намалува бројот на работници во градежништвото, а воедно ММФ ги намали прогнозите на раст на економијата.

Поради неспособноста на СДС падна просечната плата, цените на производите се покачуваат, фабриките се затвараат, вработените се отпуштаат.

Ова се последиците од падот на индустриското производство за цели 5,3% и пад падот на извозот за катастрофални 12%.

Толку од ветувањата на Заев за подобра економија. Во првите четири месеци од нивното владеење, во Македонија има пад на бруто-домашниот производ за 1.8%.

Поради рецесијата македонските граѓани осиромашуваат, стандардот на живот опаѓа, а државата се задолжува. Единствено се полнат џебовите на функционерите од врвот на власта.

Додека народот стравува за својата егзистенција, тендерашот Анѓушев го зголеми своето лично богатство за неколку милиони евра.

Додека граѓаните се плашат од несигурната иднина, кланот Заеви приграбија фабрики за багателни пари.

За само 4 месеци неспособната власт ја презадолжи Македонија за половина милијарда евра, а од тоа народот не виде ништо. Никој не знае за што се потрошија тие пари, кои ќе треба да ги враќаат сите граѓани заедно.

Поради катастрофалните политики на СДС, поради неспособноста на власта и негрижата за економијата, граѓаните на 15-ти октомври ќе ги казнат и ќе им кажат големо НЕ на нивните политики“, изјави Драган Данев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот