ВИДЕО: Членките на АмЧам обезбедија 1,5 милион денари за три социјално корисни проекти

Од:

Американската стопанска комора во Македонија – АмЧам, бизнис заедница на 130 од најголемите компании во земјава, собраа 1,5 милиони денари со што ќе се поддржат три социјално корисни проекти.

Проектите таргетираа неколку целни групи: лица со попреченост кои ќе добијат обука и можност да работат во угостителскиот сектор, социјално загрозени лица од Преспа што ќе научат како да одгледуваат органски производи и да се вклучат во социјално претприемништво, како и деца и млади кои ќе имаат можност да ја запознаат и засакаат природата преку извиднички активности.

-Како дел од напорите да ја промовира корпоративната општествена одговорност и да им олесни на компаниите да инвестираат во заедниците во кои живеат и работат, АмЧам објави повик за социјално корисни идеи на кој се пријавија 39 граѓански организации. Волонтери од Комитетот за општествена одговорност на АмЧам, а воедно вработени во компаниите-членки, спроведоа темелна анализа на предложените проекти и проверка на организациите и ги избраа трите најдобри и најефикасни општествено корисни иницијативи. Проектите беа претставени пред компаниите кои имаа можност да одлучат и да се изјаснат кои проекти ќе ги поддржат, информираат од АмЧам.

На организираната Социјална берза обезбедени се 1.500.000 денари, како и производи и услуги потребни за реализација на овие општествено корисни, а придонесе и кон подигање на свеста за општествената одговорност на компаниите и придонесе кон формирање на партнерства помеѓу приватниот и граѓанскиот сектор.

Би можело да ве интересира

Американската стопанска комора во Македонија одбележа 20 години постоење

Жарко Настоски

АмЧам презентираше универзални деловни принципи како основен предуслов за создавање на безбедна работна средина за жените

Ана Ололовска

„Создавање на безбедна работна средина за жените” на АмЧам

Ана Ололовска

АмЧам: Законот за личен доход се носи без почитување на процесот на јавна консултација

Наум Локоски

АмЧам: Бизнисот континуирано да дава препораки за измените во законодавството

Ана Ололовска

Избрани новите членови на Одборот на директори на АмЧам

Ана Ололовска