Брако во најдобро светло ги претстави електричните модели на возила за одржување на хигиена во урбани средини од линијата на Грин Машинс, на специјализиријаниот Саем за јавни работи (PWX 2023 – Public Works Expo) во Калифорнија, САД.
Повеќе од 5000 професионалци кои се занимаваат со активности за јавно одржување, вработени во јавни претпријатија, администрација на општини, окрузи и сојузни држави имаа можност на лице место да се запознаат со перформансите на двата најпродавани електрични модели на Грин Машинс – најдобриот светски модел со рачно управување и со револуционерен систем за отпрашување 400 ZE и новиот модел на компактно камионче за чистење 500 ZE.
Техничкиот директор на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, во изјава за американските медиуми истакна дека најголемите предизвици на електрификацијата се електричните возила да бидат исто ефикасни, продуктивни и економични за корисниците, како и возилата на погон на фосилни горива.
„Ние тој предизвик го надминуваме така што вградуваме најквалитетни можни компоненти, имаме современ дизајн и квалитетна изработка на возилата и им обезбедуваме услуга на највисоко ниво на клиентите“, посочи Анѓушев за време на саемот.
Саемот го организираше Американската асоцијација за јавни работи (American Public Works Association), која важи за една од најпрофесионалните организации во САД, а на саемот учествуваа над 400 компании кои нудат производи за јавно одржување.
Саемот се одржа во Сан Диего во Калифорнија, каде БРАКО има отворено сопствена компанија-ќерка на Грин Машинс, преку која се продаваат возилата во САД и Канада.
ПР Текст