(ВИДЕО) Арсовски: Заев и Ангеловска утре ќе ја задолжат Република Македонија за нови 53.6 милиони евра

Од:

„Поразите за македонскиот народ и за државата немаат крај. Зоран Заев и Нина Ангеловска утре ќе ја задолжат Република Македонија и граѓаните за нови 53.6 милиони евра. Ова е трето задолжување на Нина Ангеловска откако е министер во последните 45 дена, а воедно како што знаете и вие не е реализиран ниту пак отпочнат ниту еден посериозен проект.

За само 45 дена откако е министер Нина Ангеловска, Република Македонија е задолжена за над 150 милиони евра.

До август до моментот додека дојде Нина Ангеловска за министер, во министерството за финансии реализацијата на капиталните инвестиции беше ниски 28.16%. До моментов веруваме дека не е нешто драстично променета состојбата на реализацијата на капиталните инвестиции“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е најнеспособната Влада која единствено се задолжува и не реализира ниту еден единствен проект. И оние проекти кои што ги отвораат се останати до претходната влада. Нина Ангеловска е само извршител на лакомите и недомаќински политики на Зоран Заев и Кочо Анѓушев.

Проекциите за реализацијата на капиталните инвестиции и БДП за оваа година ниту ќе се исполнат, ниту пак ќе бидат на задоволително ниво, како и се останато во моментот што е во државава.

Економијата оди во погрешен правец. Граѓаните најдобро го чувствуваат тоа. Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија. Оние кои што можат се снаоѓаат и се иселуваат.

Доволен показател дека економијата оди во погрешна насока е и долгот на ДДВ на фирмите на фамилијата Заеви. Потребна е коренита обнова на Македонија и истата ќе се случи веднаш откако ќе падне оваа неспособна Влада на СДСМ“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот