(ВИДЕО) Арсовски: Откако СДСМ е на власт долгот пораснал за 357 милиони евра

Од:

Криминогената и неспособна власт на СДСМ ја зацрни економијата во Република Македонија. СДСМ откако е на власт нема реализирано ниту еден единствен проект. Единствениот и најголем проект им е проектот: Задолжување на граѓаните на Република Македонија. За жал, во моментов Република Македонија е презадолжена држава и граѓаните тонат во долгови. Откако дојде СДСМ на власт се повеќе се задолжува, а ништо не се реализираат од предвиденото и СДСМ немаат ниту еден единствен проект реализирано, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

– Откако СДСМ е на власт, а тоа е од 2017 година, долгот пораснал од 4.787.000.000 евра на 5.144.000.000 евра, односно за година и пол долгот пораснал за 357.000.000 евра. Од 357 милиони евра нема ниту еден проект реализирано кој што може да се види. Прашањето е каде одат сите овие пари? Каде одат овие 357 милиони евра? Вкупниот јавен долг заклучно со завршетокот на трет квартал за 2018 година изнесува 5.144.400.000 евра – што е 48.2% од БДП. Од истиот на надворешен јавен долг отпаѓаат 3.512.000.000 евра, додека на внатрешен јавен долг отпаѓаат 1.632.000.000 евра, рече Арсовски.

Тој додаде дека со тоа е надмината психолошката граница од 5 милијарди евра и веќе државата се движи кон 50 отсто долг.

– Не само што се движи долгот кон 50%, туку и со ревидираната фискална стратегија за 2019 – 2021 година од Министерството за финансии на Тевдовски јавниот долг во 2020 се очекува да достигне 54.5% од БДП. Покачување на јавниот долг за 6 и 7% во наредниве 2 години е поразително за Република Македонија, ако се земе предвид дека економијата во Република Македонија е крахирана и исто така ако се земе предвид дека нема никаква реализација на проект. Нема реализирано никаков проект. Реализацијата на капиталните инвестиции е само 1/3 до сега, што е уште потрагично за нашата економија. Послаба и поочајна економска политика и кадровски капацитет кој ја води државава во моментот на економски план сме немале. Очигледно е дека оваа влада нема капацитет и е неспособна да ја води државата. Што побрзо си замине оваа власт толку подобро за граѓаните, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Стојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во Парламентот