(ВИДЕО) Арсовски: Економското црно трио Заев-Тевдовски-Анѓушев се класични гробари на македонската економија

Од:

Економијата во Република Македонија бележи пад за над 30% од проектираниот. НБРМ го намали проектираниот раст на економијата од 3.2% на 2.3%, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е почитувани уште доказ за лошите економски политики на Зоран Заев. Ова е доказ за неспособноста на СДСМ, Заев, Тевдовски, Анѓушев и останатите во владата. Економското црно трио Заев-Тевдовски-Анѓушев се класични гробари на македонската економија за жал. Немањето капацитет и економски план за раст, односно, негрижата за бизнис секторот и за и така кревката економија, а единствено грижа за нивните лични бизниси и лични сметки ја доведе економијата на нашата држава до тука. Ветуваа 5, 6 и 7% раст, а веќе две години економијата тоне секојдневно, рече Арсовски.

Тој додаде дека гувернерката на НБРМ, образложувајќи го извештајот за макроекономските проекции за период од 2018 – 2021 потенцирала дека и така минималниот раст кој можеби ќе биде возможен до крајот на годината е благодарение на извозот од фирмите и инвестициите во слободните економски зони.

– Дополнително нивото на раст е катастрофално ниско и од ниското ниво на реализација на капиталните инвестиции кои за 3/4 од годината изнесуваат само 1/4 од годишно предвидените, ова е жално. Ситуацијата на сите им е јасно колку е лоша ако се земе предвид дека оваа влада сем задолжувања, ништо друго всушност не знае да работи. Неосновано и без потреба јавниот долг од почетокот на годината до септември е зголемен за скоро 400 милиони евра. И покрај огромното задолжување, нема ниту раст ниту инвестиции. Никој не знае на што се потрошени близу 400 милиони евра нето задолжувања, во време кога проектираниот раст на економијата изнесува 2.3%. Каде ли завршиле милионите со кои што не задолжи оваа власт?, праша Арсовски.

– Не смееме да дозволиме оваа економска катастрофа да продолжи. Доколку оваа темпо на задолжување без покритие и понатака се применува сериозно ќе се доведе во прашање способноста на економијата за сервисирање на долгот кој што веќе го имаме, а државата може да стане неликвидна и се стремиме кон тоа за жал. Граѓаните тонат во сиромаштија и се повеќе се зголемува бројката на сиромашни во Република Македонија. СДСМ мора да си замине. Што порано, толку подобро за економијата и граѓаните, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Стојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во Парламентот