(ВИДЕО) Арсовски: Државата тоне во корупција и криминал, принципот на работа од Струмица е пресликан во целата држава

Од:

Оваа влада предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев ниту подобрува макроекономија, ниту подобрува микроекономија. Цело време работи на развивање на ВИЦЕ-економија. Токму затоа државата тоне во корупција и криминал. Затоа Македонија се наоѓа на 112-то место на индексот на корупција за жал веднаш до Танзанија, со сета почит кон таа држава. Дали принципот на работа во Струмица со кој се фалеше Заев е пресликан во целата држава, рече Димче Аросвски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа што јавноста го виде и го слушна на видео снимката со наслов евро во црквата – евро во менувачницата, не само што не прекинало, туку постои основан сомнеж дека се има проширено како канцер на ниво на целата држава. Отворено повикуваме обвинителството да ги испита наводите во јавноста дека речиси секој државен тендер во државата се склучува во еден хотел во Југоисточна Македонија, каде што процентот кој треба да се плати е од 5 до 15% во зависност од висината и големината на тендерот. Дали тој хотел е новата менувачница? Дали фирмите кои учествуваат во државните тендери се изложени на невиден рекет пропратен со закани и уцени со инспекции и нелегално прислушкувани материјали? Дали власта наместо развивање на државната економија работи на единствено на личното богатење?, запраша Арсовски.

Тој додаде дека корупцијата е сеприсутна и ги јаде народните пари.

– Заради тоа енормно ја задолжуваат државата, заради тоа јавниот долг ни е пораснат над 5 милијарди евра, заради тоа само за 9 месеци имаме нов долг најмалку 375 милиони евра нето, заради тоа нема изградба на нови училишта, градинки, болници, заради тоа нема абер од ветениот раст на БДП од 5%. Парите од буџетот кои секој од нас ги плаќа како даноци, но и парите со кои бесрамно не задолжуваат секоја недела никој не знае за што се трошат и каде се трошат. Оваа 2018 година ќе биде запаметена како година на црнила. Пропадната година за жал. Тоа што самите го проектираа како капитални инвестиции од буџетот не го реализираа, исто како што не ги реализираа ниту изборните ветувања за поврат на ДДВ од 15%, за 13 плата во секое семејство, за 600 километри нови автопати, 500 евра просечна плата, 100 илјади денари плати за докторите. Ништо од тоа нема, рече Аросвски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците се темелот за иднината на Македонија

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ