(ВИДЕО) АПИС до пратениците: Која ЕУ директива предвидува затворање на легални игри на среќа и 10 илјади луѓе да останат без работа?

Од:

Претставниците на Асоцијација на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина – АПИС, поддржани од стотина вработените во Групацијата Новоматик и Апекс Македонија и Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) со дел од вработените, денес во пресрет на пленарната седница на чиј дневен ред е Предлогот на закон за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри со ЕУ знаме, до сите пратеници, без разлика на нивната политичка, етничка или верска припадност испратија директни пораки.

„И покрај нашиот јавен повик, владиниот Секретаријат за европски прашања не даде одговори на следните оправдани дилеми на јавноста:

• Која ЕУ директива предвидува затворање на легални игри на среќа?
• Која ЕУ директива создава предуслови за игри на среќа на црно, без државна контрола?
• Која ЕУ директива предвидува 10 илјади луѓе да останат без своите работни места?
• Која ЕУ директива овозможува противуставни законски измени?
• Која ЕУ директива предвидува бркање странски инвеститори кои доаѓаат од земја членка на ЕУ?“, изјави Горан Стоименов, претставник на АПИС

Побараа од пратениците да не наседнуваат на лажниот популизам кои го шират противниците на легалните игри на среќа. Сметаат дека истите тие никогаш нема да кажат чии бизнис интереси штитат и нема да преземат одговорност за хаосот кој следи доколку овие законски измени се усвојат.

“Добро е сите пратеници пред да гласаат да си го постават прашањето, кога младите се повеќе заштитени, сега кога игрите на среќа се одвиваат на легален начин или кога ќе се организираат на црно и државата ќе нема никаква контрола?“, реторички истакна во изјавата Горан Стоименов, претставник на АПИС.

Асоцијацијата уште еднаш предупреди дека ако овие законски измени не се повлечат и низ една широка општествена, јавна дебата со вклучување на сите засегнати страни не се пристапи кон изработка на одржливо законско решение кое ќе ги следи сите светски стандарди за игри на среќа, АПИС, АСОМ и Здружението на вработени во сектор игри на среќа “Сакам да работам” ќе бидат принудени да излезат на масовни протести.

„Ќе се бориме до крај против неправдата со сите демократски средства. Ако надлежните институции не сакаат да ги прифатат нашите аргументи ќе немаме друг избор. Наша должност е да ги заштитиме вработените и огромните инвестиции кои ја придвижуваат македонската економија напред“, рече Стоименов.

Во изјавата беше нагласено и дека во овој момент на совеста на сите пратениците се оставени судбините на 10 илјади семејства, кои доколку се изгласаат овие законски измени ќе бидат принудени, во најголем број да си ја бараат среќата во западните земји, членки на ЕУ, каде повторно ќе работат во истата економска дејност. Посочија дека во игрите на среќа работат обични луѓе, меѓу кои и родители на малолетни деца кои чесно си ги заработуваат платите и не сакаат да бидат избркани од сопствената држава.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Лиценците за онлајн игрите на среќа се незаконски давани, без да бидат запазени процедурите

МВР: Кривични пријави за четири лица осомничени за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”

Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

„Сакам да работам“ за групата демонстранти во Струга: Се води неоснована хајка против игрите на среќа!

Предраг Петровиќ

Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање