(ВИДЕО) Анѓушев: Поддршка од 420 милиони евра од СБ во наредните четири години

Од:

Во следните четири години Светска Банка (СБ) ќе го поддржи економскиот развој во Северна Македонија со повеќе програми во вкупна вредност од околу 420 милиони евра, а во соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) се подготвува тендер за ХЕЦ Чебрен за следниот месец.

Тоа го соопшти вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по средбите во Вашинготн со Сирил Милер, потпретседателот на групацијата СБ задолжен за Европа и Централна Азија и со Џорџина Бејкер, потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) задолжена за Европа, Централна Азија, Латинска Америка и Карибите.

На средбите во Светска Банка, покрај средбата со потпретседателот Милер, реализиран е и работен состанок со работната група за најдобри светски практики во финансирањето и подигнувањето на конкурентноста, пред се во насока на имплементација на Програмата за иновативност и конкурентност за наредните четири години, а која ќе биде поддржана од Светска Банка.

Една од програми за кои ќе има поддршка од Светска Банка е подобрувањето на бизнис околината.

– Активностите ќе опфатат подобрување на транспортните капацитети, патиштата, модернизација на земјоделството, подобрување на животната средина, а како особено важен сегмент би го издвоил подобрувањето на капацитетот за воведување иновации и подигнување на конкурентноста на македонските компании. Иновациите и подигнувањето на конкуретноста се особено важни за индустријализацијата на нашата земја и се обидуваме програмата на Светска Банка да ја усогласиме со мерките кои веќе се спроведуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите и Програмата за поддршка на микро, малите и средни претријатија на Фондот за иновации и технолошки развој. Светска банка во декември ќе реализира мисија во Северна Македонија, каде ќе ги финализираме разговорите за усогласување на програмите, изјави вицепремиерот Анѓушев.

Тој додаде дека на состанокот со потпретседателот на СБ Милер е отворена и тема за учество на оваа организација во Фондот за енергетска ефикасност, кој би се формирал по усвојување на Законот за енергетска ефикасност. Преку овој Фонд би се овозможил пристап до финансиски средства на македонските компании за да енергетски ефикасно ги унапредат своите производствени процеси.

На средбата со потпретседателката на ИФЦ, Џорџина Бејкер, е разговарано за реализација проектите за хидро електраната Чебрен и за поврзување на странските компании со домашни добавувачи.

-Со ИФЦ постигнавме договор и согласност до крајот на декември да се распише тендерска постапка под променети и пазарни услови. ИФЦ веќе долги години има сознанија за овој проект, а очекувам со измените кои заедно со ИФЦ ги работиме изминатите шест месеци, конечно, по девет неуспешни тендери да имаме успешен тендер за реализација на овој значаен енергетски проект. Изгледите тоа да се случи се големи, оптимизмот постои и кај Владата на Република Северна Македонија и кај ИФЦ , нагласи Анѓушев.

Претходно, вицепремиерот учествуваше на Конференцијата на Југоисточна Европа и Источен медитеран „Нови стратегии – нови перспективи“ која се одржува во организација на Делфи форумот и весникот Катимерини.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница