(ВИДЕО) Ангеловска: Владата се одлучи за заем до еврообврзница од 400 милиони евра, државата е подготвена за најлошите сценарија

Од:

Вкупно 400 милиони евра заем до еврообврзница ќе побара Владата од странски банки за да се издржи ударот врз економијата од коронавирусот, соопшти денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Заемот ќе биде со време на доспевање од 12 месеци, а целосно ќе се отплати со средствата кога ќе се издаде еврообврзницата.

Според Ангеловска, се очекува висината на каматната стапка да биде исклучително поволна, под 2,75 отсто.

-Подготвени сме за најлошите сценарија. Целта во овој момент е да обезбедиме ликвидност на Буџетот, истакна министерката, додавајќи дека заемот до еврообврзницата ќе биде побаран во понеделник. Во понеденик, дополнително, ќе бидат побарани и уште 87 милиони евра од ММФ, како и 100 милиони евра од Светска банка за развојни политики.

-Сигурност на државниот Буџет и за најцрните сценарија, како и на Буџетот на Министерството за здравство, ликвидност и финансиска инјекција во стопанството, помош на фирмите и заштита на секое работно место, се клучните цели во овој момент. Не смее ниту еден граѓанин да остане без приходите, напомена Ангеловска.

Таа е децидна дека сите анализи се направени, земени се во предвид и ризиците по што е заклучено дека овие итни мерки во овој момент се најповолни.

Министерката најави кратења на расходната страна, покрупни алокации меѓу буџетските корисници, а во услови на вонредна состојба, рече, ребаланс на Буџетот нема да биде потребен.

Во вториот квартал се очекуваат најголемите ефекти од коронавирусот – драстично намалување на даночните приходи. Во третиот квартал се зборува за закрепнување, а во четвртиот закрепнување, па дури и раст.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска