(ВИДЕО) Ангеловска: Ослободување од аконтации на данок на добивка и намалување камати за помош на стопанството

Од:

Фирмите од туризмот, угостителството, транспортот и од останатите погодени сектори од кризата со коронавирусот ќе бидат ослободени од плаќање аконтации од данок на добивка за април, мај и јуни. Услов е да не исплатиле дивиденда во текот на 2020, односно да не исплатат бонуси и годишни награди и да не го намалат бројот на вработени, соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска. Таа со владиниот економски тим ги претстави економските мерки за помош на стопанството, со кои се овозможува директна финансиска поддршка за задржување на ликвидноста на микро, малите и средните компании и субвенционирање на придонесите за април, мај и јуни.

Дел од барањата на коморите, беа и намалување на каматите и парафискални давачки. Во таа насока, информираше Ангеловска, законски затезната камата ќе биде намалена за 50 проценти во соработка со Министерството за правда, од 10 на пет проценти за правни лица и од осум на четири проценти за правни и физички лица, а ќе биде променет и периодот за кој се зема предвид референтната каматната стапка што ја пропишува Централната банка, за да има поповолни услови во услови кога референтната каматна стапка се намалува. Министерстото за финансии ќе ја намали и казнената камата за јавни давачки од 0,03 проценти на 0,015 проценти, односно за 50 проценти.

Дополнително, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи ќе даде препорака на провајдерите за намалување на цените за одржување на фискалните каси за 50 проценти. Препорака ќе дадат и на банките да ги намалат цените за плаќање на финансиските извештаи за ДДВ за прометот на сметките на фирмите.

– Ова се можеби навидум незначајни и симболични давачки, сепак го отсликува настојувањето на Владата да ја олесни оваа ситуација на секој можен начин за фирмите, рече министерката за финансии.

Според неа, сега е несериозно да се каже кога ќе дојде до опоравување од кризата и оти предвидувањата на меѓународните институции се менуваат од ден на ден. Начелно очекувањата се дека најголемиот шок ќе биде во текот на вториот квартал, а опоравувањето да започне од третиот и веќе стабилизација во четвртиот. Во следната фаза после овој прв пакет на мерки будно ќе ја следиме ситуацијата и ќе се подготвуваме и за стратешки мерки за опоравување и помош на бизнисот во таа фаза. Некои синџири на снабдување ќе се реструктурираат, новите начини на работа што ќе се воведат во кризата можеби и ќе продолжат… Непредвидливоста е голема, но едно е сигурно – предизвикот е огромен и во ова сме сите заедно, укажа министерката за финансии.

Таа нагласи дека Буџетот моментно е стабилен, но тоа во услови на намалена економска активност ќе се смени многу бргу, фискалниот простор е ограничен и треба многу претпазливо да управуваме со оваа кризна состојба. Буџетот на Министeрството за здравство, истакна, има простор успешно да одговори на здравствената криза.

Ние сме мала економија и во оваа сериозна состојба, како што нагалси, треба да делуваме внимателно.

– Сериозноста е уште поголема бидејќи нема предвидлива траекторија, а со тоа неизвесноста е уште поголема. За таа цел, тим во Министерството за финасии постојано работи на сценарија за влијанието на ваквата состојба на буџетот и се подготвуваме и за најлошите сценарија. Да бидеме подготвени за најлошото, а да се надеваме и да работиме за најдоброто, порача Ангеловска.

Таа укажа дека како резултат на кризата бројни компании се реорганизираат, ги менуваат работните процедури, воведуваат технологија и работа од далечина, едноставно се адаптираат. Некои компании погодени од мерките за превенција од Владата како што се угостителите воведуваат нови начини на продажба и достава на нивната храна. Некои ќе затворат. Има и такви компании чии бизниси ќе растат во време на коронакризата, има такви кои со мерките на адаптирање ќе ги минимизираат негативните ефекти и ќе ги премостат ликвидносните проблеми, некои со кризните мерки, а некои и без нив, укажа Ангеловска.

Ги повика оние кои ќе имаат раст на добивките во овој период да и помогнат на државата и на сите со предвремено па и авансно плаќање на давачките и најави дека додека траат кризните мерки на Владата таа ќе се откаже од нејзината плата.

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска претходно објави дека во првиот сет мерки што ги презема Владата се овозможува директна финансиска поддршка за задржување на ликвидноста на микро, малите и средните компани и субвенционирање на придонесите за месеците април, мај и јуни.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница