Најголем дел од приходот во Грин Машинс денес доаѓа од продажбата на возила на електричен и водороден погон, за разлика од пред некоку години кога најмногу се продаваа дизел возила, вели техничкиот директор на фабриката Грин Машинс во БРАКО, машинскиот инженер Ангел Анѓушев, во изјава за медиумскиот проект Живот во зелено (Green Life).
Ангел Анѓушев, кој студираше на престижниот државен Технички универзитет во Виена, смета дека кај нас се уште постои перцепција дека екологијата и економијата се две спротиставени работи кои не може да коегзистираат.
“Во нашето општество постои перцепција дека високите еколошки технологии се нешто што постои само на Западот и во САД, но ние во БРАКО преку нашиот бренд Грин Машинс докажуваме дека можно е еколошките и високи технологии да се применат и во уникатен македонски призвод кој е успешен и се извезува насекаде во светот“.
„Брако, преку Грин Машинс, докажува дека еколошката приказна може да биде и добра економска приказна, преку отворање на нови работни места и производство и продажба на еколошки возила во над 60 земји во светот, кои се користат во сите светски метрополи, вклучувајќи ги Лос Анџелес, Њу Јорк, Вашингтон, Сан Диего, Лондон, Амстердам, Париз и многу други“, вели Анѓушев во видео излагањето.
Проектот Живот во зелено (Green Life), преку серија на видео презентации и поткасти на оваа тема го реализира велешкиот портал Батали.нет, во соработка со продукцијата Тулип про, а е финансиски поддржан од Меѓународниот прес институт (International Press Institute – IPI) и Media Innovation Europe.
ПР Текст