ВИДЕО: 17.2 милиони евра ќе бидат поделени на 400 компании за помош од ковид-кризата

Од:

Вкупно 400 компании ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка, соопшти премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција во Владата.

„Целта е модернизација на процесите, а со тоа и подобрување на конкурентноста и можностите за извоз што ќе придонесе со отворање на нови работни места и задржување на постојните“, рече Заев.

Според Заев, секоја инвестициона активност е од значајност за земјата и опорувањето на економијата.

„Им симнувам капа на сите домашни претприемачи кои и во услови на ковид стартуваа свои проекти и сакаат дополнително да инвестираат. Еве вашата земја е тука да помогне“, рече Заев.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека домашните компании сега се третираат еднакво како и странските, и тие добиваат поддршка од државата.

„Имавме над 700 апликации, од кои комисијата ги одобри 400 компании. Оваа помош што Владата ја дава за зголемување на инвестициите ќе внесе дополнителни инвестиции од 89,2 милиони евра согласно сите инвестициони планови“, рече министерот Крешник Бектеши.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница