Вицепремиерот Стоилковиќ на отворањето на саемот „Винска визија – Отворен Балкан“

Од:

Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, на покана од потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ, денес присуствуваше на свеченото отворање на четвртото издание на саемот „Винска визија – Отворен Балкан“, кој од 22 до 25 ноември 2025 година се одржува на Белградскиот саем.

„Винска визија – Отворен Балкан“ е саем на вино, ракија, храна и туризам што се реализира во рамките на иницијативата Отворен Балкан – афирмирана регионална платформа за мир, економска соработка и поврзување.

Од кабинетот на Стоилковиќ соопштија дека „Овој значаен регионален настан, единствен од ваков тип во Југоисточна Европа, претставува одлична можност за презентација, промоција и размена на производи, како и за дополнително зајакнување на економските врски меѓу земјите од регионот.

Во изминатите три години, саемот се позиционира како центар на светски вкусови, знаења и деловни можности.

Под слоганот „Единствено“, годинашното издание продолжува да го поврзува регионот со светот, овозможувајќи им на изложувачите простор за раст, развој и воспоставување нови партнерства“.

Се очекува и оваа година „Винска визија – Отворен Балкан“ да биде значајна платформа за вмрежување, промоција и претставување на регионалната гастрономска и туристичка понуда пред широка меѓународна публика.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

(ВИДЕО) Со натписи УЧК вандализиран Српскиот културен центар во Куманово

Иван Стоиљковиќ нов министер за локална самоуправа

Стоилковиќ потврди дека си оди: Го оставам Министерството со тројно помал буџет, Програмата К-5 е укината

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Стоилковиќ и Месаровиќ потпишаа Меморандум за соработка меѓу Македонија и Србија