Ветрови на промена во когнитивната доба поттикнуваат дигитална трансфорација на банкарството

Од:

Ај-Би-Ем војс – Вашингтон

Американското биро за попис извести дека вкупната вредност на американско-рускиот извоз и увоз во 2015 година изнесувал скоро 25 милијарди долари, што е значан пораст во споредба со помалку од десетте милијарди долари во 2010 година. Но Ден Расел, претседател на Американско-руски бизнис совет, со седиште во Вашингтон, трговска организација меѓу чии членки се најголемите корпорации во државата – вели дека овие бројки ги потценуваат вистинските вредности на извозите од американските мултинационалчни компании. „Овие суми само ги претставуваат стоките произведени во САД. На пример, секој ајфон кој е извезен во Русија се смета за кинески производ“, рече тој.

Иако бизнис односите помеѓу двете сили почнаа да се затоплуваат по распадот на Советсиот сојуз во 1991, технологиите ја изиграа можеби најзначајната улога во врските. Во мојот бизнис комуницираме секојдневно преку видео конференции и можам да ви кажам дека е скоро невозможно да демонизирате некого кого секој ден директно го гледате во очи. Гледајќи се меѓусебно, стануваме многу повеќе од само ограноци на нашите влади.

Но не се само бизнисите тие кои имаат корист од здравите односи меѓу нашите две земји.

Организациите, како што е Руско-американска фондација – основаната во 1997 година за промоција на културната размена – поддржува огромна палета на вредни иницијативи, од курсеви на балетската академија на Бољшој кои се одржаа летово во САД, до спортот и образовните размени. Програми како што е оваа ми дава голем оптимизам за во моментв здравите врски меѓу нашите две земји.

Сепак, има уште многу да се направи. Многу американски компании не се среќни кога треба да замолат свои вработени хомосексуалци да патуваат во земја која има едни од најрестриктивните антихомосексуални закони во Европа, и постојаната ескалција на политичка реторика само додава уште поголемо ниво на несигурност во веќе тешката работа во водењето бизнис.

Ова беше посебно почувствувано во мојата компанија кога Руската федерација го анектираше Крим, каде во 2014 година имавме канцеларија, на што Стејт департментот на САД одговори со санкции. Како резултат на тоа, бевме принудени да дислоцираме 55 члена од нашиот тим и нивни семејства 250 милји подалеку – што го отежнуваше секојдневното работење таму. Иако тоа беше неверојатно тешко време за нашиот бизнис таму, преживеавме, и помалку од две години подоцна ги покачивме приходите и профитабилноста и дополнително и агресивно вработуваме луќе и во САД и во Русија.

И покрај големите пречки, нашиот успех го припишувам на квалитетите кои ги споделуваат и рускиот и американскиот народ: талентот, силната одлучност за успех, и спосбноста да се оди напред без разлика на околностите.

Многу Американци кои се во интеракција со Русите во нивниот живот сфаќаат дека политичките игри меѓу Вашингтон и Москва се сосема изземени од позитивната, секојдневна реалност на културна и бизнис соработка.

Нашите лидери можеби си мафтаат со сабјите еден на друг, но многу нивни сограѓани соработуваат градејќи разбирање и создавајќи пријателства кои дури и не можеа да се замислат до пред 30 години. Да не дозволиме повторно да се лизнеме назад во контрапродуктивното размислување од Студената војна. Кога вкупно заедно имаме скоро половина милијарда население, тогаш влогот е премногу голем.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва