Верхофштад: Потребата од енергетска унија е поголема од претходно

Од:

Копретседавачот на Конференцијата за иднината на Европа, Ги Верхофштад денеска во Даблин рече дека потребата од европска енергетска унија е поголема од порано и дека земјите во денешниот свет погрешно мислеле дека ако „направат нешто на национално ниво ќе бидат посуверени, автономни и заштитени“.

Тој посочи дека „има апсолутна потреба од енергетска унија, уште повеќе од пред 16 години“, кога се зборуваше за потребата на ЕУ за енергетска самодоволност.

„Потребна е енергетска унија. Според мене, потребна е дигитална унија, потребна е и банкарска унија, која сè уште не е завршена“, рече поранешниот белгиски премиер, изразувајќи надеж дека прашањата ќе бидат дел од дебатата на конференцијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Верувам дека Русија и Европа еден ден ќе ги обноват односите

Калас: Европа подготвува план Б ако Трамп се повлече

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина