Велика Британија ќе исплати државни обврзници, кои во 1927 година ги издал Винстон Черчил со цел да исплати долгови од 18. век, за време на Наполеонските војни и Првата светска војна.
Британскиот Трезор најави дека ќе плати 218 милиони фунти (277 милиони евра) на сопственици на обврзници објавени меѓу двете војни со годишна каматна стапка од четири отсто, но без одреден датум за враќање на капиталот.
Британската администрација досега има исплатено кумулативна камата во висина од 1,26 милијарди фунти и смета дека е подобро да го врати долгот.
Обврзниците датираат од 1927 година и се издадени од тогашниот министер за финансии Винстон Черчил за рефинансирање на долг на британската влада за воени обврзници продадени во 1917 година.
Меѓутоа дел од долгот покриен со обврзниците од 1927 година е многу стар и датира од почетокот на 18. век, кога Лондон морал да ги преземе долговите на компанијата „Саут Си“ за трговија со Јужна Америка, чиј банкрот предизвикал финансиска криза позната како „Јужноморски меур“. Дел од емитуваните обврзници е за репрограмирање и долгови направени уште за време на Наполеонските војни од почетокот на 19. век и Кримската војна од 1853 до 1856 година.