„Ведел Ај-Ти“ отвора канцеларии во Скопје

Од:

Данското трговско друштво за прекуокеански развој „Ведел Ај-Ти“ одлучи да отвори нови канцеларии во Скопје. Новата филијала на компанијата ќе нуди можности за префрлување на деловните активности на нејзините европски клиенти во прекуокеански и во блиски земји.


За национален директор на „Ведел Ај-Ти“ во Скопје е назначен Крешник Касами од Македонија, кој е роден, пораснал и се образувал во Данска.


Тој порано работеше како директор за продажба и маркетинг во „Ведел Ај-Ти“ и го водеше новиот деловен потфат на управата на компанијата на Балканот.


– Инвестицијата на „Ведел Ај-Ти“ во Скопје наиде на огромна поддршка. Состаноците што јас и сопствениците на нашата компанија, Хенрик Моу и Марк Ведел, ги одржавме со високи функционери од македонската влада ни олеснија да го започнеме нашиот нов деловен потфат во земјата. Силно веруваме дека Македонија и целиот балкански крај се полни со високоталентирани информатички стручњаци, така што можностите за успех во Македонија и за придонесување кон растот на месниот расадник на информатички таленти се многу добри, вели Касами.


Тој предвидува дека „Ведел Ај-Ти Скопје“ ќе расте со најмалку 50 вработени годишно.

Би можело да ве интересира

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

Јордан Димитровски избран за Претседател на Управниот одбор на МАСИТ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ