Васко Илијевски од АСОМ: Новиот закон за игри на среќа ќе остави на улица 10.000 работници

Од:

Асоцијацијата на спортски обложувалници предупреди дека предлогот на Владата за нови законски измени во Законот за игри на среќа ќе ги натера да стават клуч на врата.

– Ќе се изгаси индустријата со 10.000 работници на улица. Кој има корист од носење на ваков закон по кратка постапка и со европско знаменце. Ќе ја известиме ЕУ за ова. Владата во нечиј интерес носи ваков закон и зошто предлог законот не е достапен и зошто се носат измените без консултација со нас. Предупредуваме дека ако се стави клуч на врата на легалните обложувалници, ќе има нелегално обложување. Пример е Албанија која ги забрани игрите на среќа па потоа следуваа неделни апсења за обложување на диво – рече претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници, Васко Илијиевски.

Владата на вчерашната седница го утврди Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Министерството за финансии со кој се предвидува деловните простории, односно уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта. Ова не е регулирано со постојниот закон.

Со новиот предлог закон се зголемуваат и надоместоците за издавање лиценци за игри на среќа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Лиценците за онлајн игрите на среќа се незаконски давани, без да бидат запазени процедурите

МВР: Кривични пријави за четири лица осомничени за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”

Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

„Сакам да работам“ за групата демонстранти во Струга: Се води неоснована хајка против игрите на среќа!

Предраг Петровиќ

Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање