Утре ќе останат без струја неколку скопски населби

Од:

Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје денеска соопшти дека утре ќе има прекини во напојувањето со електрична енергија за дел од корисниците во општините Сопиште, Илинден, Центар и Карпош.

Поради инвестициски зафати на ЕВН Македонија  за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија  утре  без струја од  9 до 13 часот  ќе бидат  дел од корисниците  од  селото Сопиште, а од 9 до 14:30 часот дел од корисниците од селото Бујковци во Општина Илинден. Од 9 до 15 часот  ќе има прекин на струјата на дел од улиците „Пајак“, „Димитрие Туцовиќ“  и „Наум Наумовски Борче“ во општина Центар, од 10 до 13 часот  дел од улицата „Миле Поп Јорданов“ а од 10:30  до 15:30 часот објектите со куќни броеви од 61 – 73 на булеварот „Партизански Одреди“  во општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство