Во периодот од 9 до 14 часот парцијално во времетраење од по два часа без електрична струја ќе останат дел од корисниците на улиците бр.4 и бр. 6 во село Студеничани, а од 9 до 12 часот потрошувачите во близина на основното училиште во селото.
Од 8 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Никола Вапцаров“ бр. 5 и бр. 7.
Од 9 до 14:30 часот струја ќе немаат корисниците од селата Текија, Дељадровци, Бучинци, Грушино, Бујковци, Мршевци, како и дел од потрошувачите од селото Миладиновци, додека од 9 до 15 часот корисниците од улиците „Ибе Паликуќа“ и „Морава“ и дел од корисниците од улиците „Гарсија Лорка“ и „Брсјачка Буна“.
Без струја утре од 9 до 15 часот ќе останат дел од корисниците од селата Сарај, Арнакија, Семениште, Буковиќ, Ласкарци, Раовиќ, Паничари и Чајлане, објектите на Млин Самас, Травертин Арнакија, наплатната рампа Арнакија, Мобимак Арнакија, Мобимак Раовиќ, Езеро Треска и Ас Оил, а во периодот од 10 до 12 часот селото Чардак и стопанските и нестопанските објекти во овој реон.
Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информирациите од ЕВН Македонија, соопштува дека прекините се заради технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа.