Унилевер ќе се повлече од лондонскиот берзански индекс

Од:

Холандско-британската компанија Унилевер соопшти дека скоро сигурно нема да остане на лондонскиот берзански индекс ФТСЕ откако ќе го премести своето седиште во Холандија.

Унилевер беше базирана во Лондон и во Ротердам, но планира во иднина да биде лоцирана првенствено во Холандија. Со тоа, компанијата ќе се повлече и од берзанскиот индекс во Лондон, рече финансискиот директор на Унилевер Греем Питкети, кој ги водел разговорите со индекс компанијата ФТСЕ Расел.

– Ние и во иднина ќе бидеме присутни на лондонската берза, и се надеваме дека инвеститорите кои се погодени од овој чекор ќе имаат доволно флексибилност во своите акционерски портфолиа за да можат и понатаму да тргуваат со акции на Унилевер, додаде Питкети.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон