Испратете пари – брзо, сигурно и едноставно, дома и во странство!
Нов начин за брз и безбеден трансфер на средства – директно на Visa картичка во земјата и странство!
УНИБанка АД Скопје, следејќи ги потребите на своите клиенти, воведе нова функционалност – трансфер на средства на Visa картичка. Ова е иновативна функционалност Visa+ со која се овозможува трансфер на средства на дебитна картичка во земјата или странство преку мобилен број.
Во услови кога живееме динамично, често патуваме, имаме бројни обврски и секогаш недостиг на време, можноста преку мобилна апликација да направиме брз и лесен трансфер на средства е нешто што би ни било од голема помош.
Со новата функционалност Visa+ можеме преку апликацијата за мобилно банкарство, едноставно и сигурно да испратиме средства до корисници на Visa картички, во земјата и во странство.
Станува збор за најнова функционалност во мобилното банкарство со која УНИБанка само ја потврдува својата позиција на лидер за напредни дигитални банкарски решенија, со кои се олеснува секојдневното функционирање и им се помага на клиентите да го трансформираат и поедностават начинот на кој управуваат со своите средства.
Целта е клиентите да можат да го реализираат трансферот самостојно, поекономично и без дополнителни документи, a крајниот корисник да го добие вкупниот износ на средства.
Со новата услуга, границите веќе не се пречка, нема потреба од коресподентни банки, префрлувањето пари кон пријатели, семејство или деловни партнери станува полесно од кога било. Без граници, без чекање.
Не се потребни комплицирани податоци – доволни се само телефонскиот број на примачот со регистрирана картичка во Visa+, или бројот на Visa картичка, име презиме и адреса на примачот.
Клучни придобивки од новата услуга:
- Брзина: Трансфер во реално време – средства за само неколку минути;
- Едноставност: Без пополнување на сметки, документи за намена и сл.;
- Безбедност: Заштитена технологија за обработка на трансакции;
- Достапност: Секогаш и секаде преку мобилната апликација;
Со Visa+, Вашиот трансфер на средства е побрз, побезбеден и поедноставен!
За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страница www.unibank.mk