УНИБанка АД Скопје и оваа година со силни резултати и стабилен раст!

Од:

УНИБанка АД Скопје продолжува со стабилен раст и успешно работење, потврдувајќи ја својата позиција како динамична и доверлива банка на македонскиот пазар.

И покрај предизвиците на домашната и глобалната економска сцена, Банката успешно ги реализира своите деловни цели и стратешки приоритети.
Благодарение на внимателно поставената стратегија, професионалниот кадар и одговорниот пристап во работењето, Банката континуирано обезбедува стабилност, доверба и одржлив раст.

Одлуките усвоени на Собранието на акционери се уште една потврда за успешното работење на Банката и за нејзината посветеност кон долгорочен развој, стабилност и грижа за акционерите.

Добивката по оданочување за 2025 година изнесува 492.514.716,00 денари.

Дел од добивката, во износ од 259.207.035,00 денари е наменет за капитализација и останати резерви, со цел натамошна поддршка и развој на работењето на Банката. Износ од 22.010.712,00 денари е наменет за исплата на камата на имателите на перпетуалните обврзници од Банката.
Истовремено, значаен дел од добивката, во износ од 211.296.969,00 денари, останува на располагање за понатамошна распределба на акционерите, чија исплата би се утврдила на наредно Собрание на акционерите.

Со оваа одлука, УНИБанка АД Скопје уште еднаш ја потврдува својата политика на вреднување и почитување на довербата на акционерите, истовремено обезбедувајќи континуитет во развојот, стабилноста и создавањето долгорочна вредност за клиентите, акционерите и целокупната економија.

Банката и понатаму останува фокусирана на дигитализација, иновации, поддршка на бизнис заедницата и општествено одговорно работење, како клучни двигатели на нејзиниот иден развој.

ПР текст

Би можело да ве интересира

УНИБанка: Максимален принос за минимално време! Депозит на 6 месеци, камата 2%.

УНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка: Kористиш бројни бенефити, и покрај тоа што во банката  не ја земаш платата!

Горан Наумовски

До домот кој го посакуваш со само 10% учество – Нов поволен станбен кредит од УНИБанка

Орлин Ваташки e нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје

Одобрена апликација на УНИБанка за шемата СЕПА кредитен трансфер од страна на Европскиот совет за плаќања

УНИБанка ја редефинира иднината на трансферите на средства со Visa+

А1он