Унгарија потпиша нов енергетски договор со Русија

Од:

Унгарија денеска потпиша нови договори за да обезбеди континуиран пристап до руската енергија – знак дека ќе ги задржи блиските врски што ги создаде со Москва.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на прес-конференција во Москва изјави дека руската државна гасна компанија „Газпром“ се согласила да и дозволи на Унгарија да увезува гас над износите договорени во амандманот на договорот меѓу двете земји минатата година.

Цената на гасот, кој се транспортира во Унгарија преку гасоводот Туркстрим, ќе биде ограничена на 150 евра за кубен метар. Унгарскиот министер за надворешни работи е еден од ретките лидери на ЕУ кои се сретнале со руски претставници од почетокот на војната.

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарците ќе одлучат дали Украина може во ЕУ, а не Зеленски

Силен земјотрес ја погоди Унгарија

Орбан: Тиса ќе го направи она што Брисел го сака

Песков: Подготвени сме да разговараме за продолжување на транзитот на гас во Европа преку Украина

Орбан: Влезот на Украина во ЕУ е смртоносен удар за Унгарија

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски