Укината спорната уредба, наскоро обесштетување од непогодите во 2016 и 2015 година

Од:

Министерството за земјоделство очекува во најскоро време да почне обесштетувањето од поплавите и временските непогоди за 2016 и 2015 година. Процесот е се уште блокиран, но спорната уредба е укината. Предметите се во надлежната владина комисија, а подготвена е и Информацијата што треба да помине на седница на Владата. Потоа ќе стартува и исплатата на средствата, најави денеска шефот на Кабинетот во Министерството за земјоделство, Трајан Димковски.

Одговорајќи на новинарски прашања, Димковски рече и дека за обесштетување на земјоделците од временските непогоди во 2018 година се уште нема конкретна бројка зашто проценката е во тек.

– За 2017 година сумата што треба да се исплати е околу четири милиони евра. Според Платежната агенција, делот во Ресенско е целосно исплатен. Останатите штети се исплаќаат, но колку точно од четирите милиони се исплатени во моментов не можам да кажам. За земјоделските површини не е направено ништо во 2016 година. Постапката е заглавена поради фамозната уредба која го кочи целиот процес. Барањата се стигнати до владината комисија за штети, треба да бидат препратени во Министерството за земјоделство. Но, ние не можеме да постапиме зашто парите се исплаќаат преку Платежната агенција која, пак, работи по индивидуални случаи, а не по елаборати на општини во кои може да бидат опфатени 1.000 или 2.000 земјоделци. Тука е застаната целата работа. Подолго време се обидуваме да го откочиме процесот, објасни Димковски.

Во врска со осигурувањето на земјоделските површини, тој потенцира дека трендот на намалување продолжува. Во 2015 година имало 5.000 полиси, а лани само 2.000.

– Земјоделците имаат проблеми со осигурителните компании, но најголем проблем поради кој тие не ги осигуруваат посевите е нивното размислување „зошто да осигурувам, кога државата ќе ми ја плати штетата 100 отсто“. Трендот, за жал, се намалува иако државата за ова обезбедува 60 проценти поддршка, истакна Димковски.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп