Учеството на ММФ во спасувачката програма за Грција ќе зависи од реформите и олеснување на долгот

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе го разгледа прашањето за даде свој финансиски придонес во спасувачката програма за Грција, дури откако ќе има сеопфатна дебата за економските реформи и преструктурирањето на долгот, изјави денеска претставникот на Фондот Џери Рајс.

– Пред ММФ да може да ги преземе обврските за наше учество во програмата, имаме потреба да спроведеме дебата за мерките и олеснување на долгот, нагласи Рајс, одговарајќи на прашања на редовна прес конференција.

– Шефицата на ММФ Кристин Лагард и американскиот министер за финансии Стивен Мнучин во телефонски разговор, покрај многу прашања, разговарале и за ситуацијата во Грција, истакна Рајс, одбивајќи притоа да наведе повеќе детали.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он